Поради дефект на кабел, речиси цел Штип без вода – ММС
ММС

Објавено на: 09/3/20 12:11 PM

Поради дефект на кабел, речиси цел Штип без вода

Речиси цел град освен, пониските делови од синоќа се без вода. Причината е дефект на енергетски кабел во локалитетот Штипско езеро, информираат од Ј.П Исар.

Од тука велат дека се работи на санирање на дефектот и дека тој треба да се случи во текот на денешниот ден.

Повисоките делови од градот вода немаат од синоќа, пониските ја имаат но притисокот е слаб.

По одстранување на дефектот постепено ќе се нормализира и водоснабдувањето.