Пожар во стан во зграда на булеварот Маршал Тито во Тетово синоќа ги вознемири граѓаните. За среќа нема повредени, а брзата интервенција на тетовските пожарникари ги спречи пламените јазици да се прошират на останатите објекти.
Пожарот избувнал синоќа некаде пред 22 часот.Територијалната противпожарна единица Тетово, за кратко пристигнала на лице место и интервенирала со 3 противпожарни возила и 7 пожарникари. Пламените јазици целосно го опожариле станот каде избувнал пожарот, повредени нема.
Поради брзата интервенција на тетовските пожарникари, спречено е пожарот да се прошири на соседните станови, но и згради кои се споени една до друга.
Полицијата денеска изврши увид на лице место. Се работи на целосно расветлување на сите поединости на случајот.
Зоран Димовски