Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (83) е позитивен на вирусот корона.
Тој е во изолација и ќе продолжи да работи од дома, пишува Гардијан.
Берлускони беше премиер на Италија од 2001 до 2006 година. Неодамна, неговиот личен лекар и раководител на болницата Сан Рафаеле во Милано, во северниот регион Ломбардија, кој беше во фокусот на пандемијата на вирусот корона, во Италија, изјави дека новиот вирус ја губи својата сила и станал помалку смртоносен.
Извор: avaz.ba