Иако подолго постоеше дилема дали ќе се одржи или не најстариот филмски фестивал во светот, 77-то издание на „Мостра“ започнува денеска (02.09.2020) и ќе трае се до 12-ти септември.
Филмскиот фестивал во Кан за прв пат беше откажан, а бројни други фестивали беа прикажани само онлајн. Фестивалот се одржува под посебни мерки и протоколи, со помал број на филмски амерички звезди, но гламурот нема да недостига.
Директорот на фестивалот, Алберто Барбера најави бројни правила : помалку филмови, повеќе кина од кои и едно на отворено. Освен тоа на влезот на посетителите ќе им биде мерена температура, носењето маски е задолжително како и држење на растојание.
„Мостра“ ќе биде отворен со италјанската семејна драма ” Lacci” од Даниеле Лукети кој е вон конкуренција за „ Златен лав“. Во официјалниот дел од програмата има помалку амерички филмови, што веројатно се должи на несигурноста на филмските студија поради пандемијата. Претседател на овогодинешното жири е оскаровката Кејт Бланшет, а дел од жирито е и америчкиот актер Мет Дилон кој го зазема местото на првично најавениот романски режисер Кристија Пују, промена која не е официјално образложена , но постои можност Пују да е заменет поради видеото во кое се спротистави на носењето маски.
За главната награда „ Златен лав“ ќе се натпреваруваат 18 филма меѓу кои ” Nomadland” од американката со кинеско потекло Клоет Жао, потоа филмот ” The World to Come” од режисерката Мон Фастволд. Четири филма се италјански – ” Le sorelle Macaluso ” , “Padre nostro” , ” Miss Marx” и ” Notturno”.
Фестивалот , е основан од грофот Џузепе Волпи во 1932 година.