Софија: Во парламентот народно собрание, пред парламентот народно востание – ММС
ММС

Објавено на: 09/2/20 10:52 AM

Софија: Во парламентот народно собрание, пред парламентот народно востание

Голема маса луѓе се собра утрово пред почетокот на протестот под мотото „Големо народно востание“, на првиот ден од работата на бугарското Народно собрание по летната пауза, пренесуваат софиски медиуми.

Таканаречениот „триаголник на власта“ во центарот на Софија беше блокиран од силни полициски сили, а демонстрантите ги туркале возилата на полицијата и фрлале со јаболка и јајца врз полицајците обидувајќи се да се доближат до главниот влез на парламентот.

Иако денес работен ден, повеќе илјади луѓе се собрале на 56. ден од протестите на кои се бара оставка од владата на премиерот Бојко Борисов и од главниот обвинител Иван Гешев.

Седницата на Собранието почна, а на неа прв се обрати бугарскиот претседател Румен Радев, кој ги повикал пратениците да ги следат волјата и барањата на Бугарите за итна и безусловна оставка на кабинетот.

Во Ови моменти, како што јавуваат софиски медиуми, пред зградата на парламентот почнале нови судири меѓу демонстрантите и полицијата, во кои имало и повредени.