И покрај сите чудесни лекови кои човекот ги има направено, сепак мајката природа е најстариот и најголемиот фармацевт на светот, извор на помали и поголеми чуда кога е во прашање здравјето.
Едно од поголемите откритија во последните неколку години, судејќи по огромниот и по се поголемиот број на податоци, е сознанието дека лек против сите опасности по здравјето е помош со храната, во онаа мера во која тоа го дозволува должината на човековиот век и генетиката. Можете да им обезбедите на своите келии антиоксидантни материи преку храната, кои ги пресретнуваат и уништуваат подивените молекули на кислород , па дури и ги поправаат некои од штетите кои се имаат направено. Продуктите, особено овошјето и зеленчукот полни се со разноврсни јаки антиоксиданси кои кога ги јадете влегуваат во ткивата и течностите и можат да помогнат против силните оксиданси. Сега, кога им е позната огромната потенцијална сила на антиоксидантите , научниците ги бараат во храната. Веќе се откриени мноштво на антиоксиданси со егзотични имиња како што се:кверцетин, ликоптин, лутеин и глутатион како и познати хранливи состојки како што се витамините : Ц и Е, бета каротинот и селенот.
Резулататите од новите испитувања за антиоксидантите се толку убедливи да Д-р Вилијам А. Прајор, раководител на биомедициснките истражувања на државниот Универзитет во Луизијана, се залага за воведување на поширока употреба на крвине тестирања заради одредување на “ антиксидантниот статус” , онака како што сега се мери нивото на холестеролот во крвта. Таквиот тест би го измерил нивото на штетните оксидативни активности во вашето тело и истовремено би покажал дали внесувате доволно неутрализирачки антиоксиданси. Кога би ви откриле висока оксидативна активност и недоволно внесување на антиоксиданси, би заклучиле дека кај вас постои поголем ризик од болести и би ве советувале да го зголемите внесот на антиоксиданси. Најдобро што можете да направите за своето здравје и преживување е да внесувате продукти богати со антиоксиданси.
Што оксидансите можат да направат , а антиоксидансите да спречат:
- Го претвараат ЛДЛ холестеролот во оној облик кој може да ви ги затне артериите
- Напад на генетскиот материјал на клетките, што предизвикува мутации кои може да довеата до појава на рак
- Уништување на клетките на очите, што доведува до развој на катаракта и дегенерација на макулата( жолта дамка)
- Пореметување на нормалните процеси и појава на висок крвен притисок
- Уништување на нервните клетки што доведува до невролошки оштетувања, како што се Паркинсонова и Лу Геригова болест
- Појава на воспаление, како кај артритис и астма
- Оштетување на сперматозоидите, што доведува до неплодност или оштетување на плодот
Каде има најмногу антиоксиданси:
Кога бирате овошје и зеленчук, изберете го потемното; потемната боја обично значи и поголема количина на антиоксиданси. Исто така свежото како и замрзнатото овошје и зеленчук имаат повеќе антиоксиданси одколку оние од конзерви, преработени или термички обработени. Најмногу антиоксиданси ќе добиете ако јадете:
- Црно грозје повеќе одколку зелено или бело
- Црвен или жолт кромид наместо оној со бела боја
- Зелка, карфиол и брокула сирови или обарени
- Лук сиров или толчен
- Свеж или замрзнат зеленчук повеќе одколку конзервиран
- Зеленчук подготвен во микробранова печка наместо варен во вода или на пареа
- Чисто, ладно цедено маслиново масло
- Лиснат зеленчук со темно зелена боја
- Црвен грејпфрут наместо бел
- Цел овошен плод наместо сок
- Свеж или замрзнат сок наместо конзервиран
- Темно портокалов морков, индиски компир и тиква