Конференција за 100 години постоење на Филозофскиот факултет во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 09/2/20 6:36 AM

Конференција за 100 години постоење на Филозофскиот факултет во Скопје

„Науката и општеството: придонесот на хуманистичките и општествените науки” е насловена конференцијата по повод 100 години од основањето на Филозофскиот факултет во Скопје. Ќе се одржува утре и задутре, а официјалното отворање е вечер од 18 часот на терасата на хотел „Дрим” во Струга.

Според најавата, на отворањето ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, ректорот на Скопскиот универзитет Никола Јанкуловски, деканот на Филозофскиот факултет Ратко Дуев, претседателката на Организацискиот одбор Елизабета Димитрова и Верица Милеска-Стефановска од Комората за приватно обезбедување.

Академик Вера Битракова-Грозданова од МАНУ на отворањето ќе одржи почесно предавање „Ќиро Трухелка како професор на Филозофскиот факултет во Скопје во неговите почетоци”.

Во наредните два дена на конференцијата ќе се одржат панелни и ЗУМ-сесии со излагања на учесниците од областа на општествените и хуманистичките науки. Од Организацискиот одбор соопштија дека конференцијата ќе се одржи со почитување на протоколите и мерките за безбедност.