„Дедоооо“, вака ја нашиша радосната вест фудбалската легенда Саша Ќириќ, кој денеска доби внук од ќерка му Ана-Марија.
-Дојде време и дедо да станам. Малиот ангел Габриел ни дојде на свет Ако господ му ја дал брзината на татo Кире и техниката на дедо, ете ни вистински наследник. Те сакаме мама Ана-Марија, напиша Ќириќ на неговиот Фејсбук профил.
Радоста до току е поголема што татко на Габриел е фудбалерот Кире Маркоски, кој играше во Чешка, Турција а игра и за македонската репрезентација. Тој е зет на Ќириќ, за неговата ќерка Ана-Марија, со која направија свадбата минатата година.
Веста на Фејсбук за раѓањето на внукот ја сподели и сопругата на Саша, Светлана. Таа напиша:
„Среќна баба! Господ не благослови со внук. Ангелот Габриел ни пристигна. Нека е жив и здрав и секогаш среќен со мама и тато“, напиша таа.