Остаре и не престана да се коцка- Веќе потрошени 12.000 евра ќе заработи од реално шоу за да врати долг – ММС
ММС

Објавено на: 09/1/20 9:43 PM

Остаре и не престана да се коцка- Веќе потрошени 12.000 евра ќе заработи од реално шоу за да врати долг

И овој пат, Лепа Лукиќ нема да заработи многу од учеството во реалното шоу „Парови“ затоа што однапред ги потрошила парите, на коцка, секако!

Според информации на курир.рс, од близок извор на пејачката, таа должела околу 12.000 евра во казино и не можела да му ги плати на сопственикот повеќе од два месеци, па морала да направи компромис. Таа се договорила со продукцијата  да и ги исплатат парите однапред, и дека за возврат ќе биде учесник во „Парови“, со можност да го продолжи својот престој во реалното шоу  доколку сака да заработи екстра пари. Имајќи предвид дека нејзиниот хонорар е 800 евра, тоа значи дека Лукиќ ќе мора да остане во вилата најмалку 15 недели.

Да потсетиме, кралицата на народната музика моралае да влезе во реалното шоу последен пат поради истиот проблем. Во тоа време, сепак, должела многу поголема сума, дури 25.000 евра, но и хонорарот и бил поголем, па побрзо го исплатила долгот кон казиното. Сега таа била во безизлезна ситуација бидејќи нема настапи и не може да собере толку пари од својата пензија, па го прифатила она што и било понудено.

Лукиќ првично негираше дека има проблем со коцкање, но бидејќи папараците неколку пати ја фатија на дело, таа мораше да ја признае својата страст. Последен пат фотографите ја уловија во казино пред два месеци среде пандемија на вирусот корона, додека седела на маса и играла покер со маска на лицето.

Извор и фото: kurir.rs