Низ Штип возат автобуси без исправни кочници и неисправен уред за управување – ММС
ММС

Објавено на: 09/1/20 1:58 PM

Низ Штип возат автобуси без исправни кочници и неисправен уред за управување

Во текот на вчерашниот ден, сообраќајната полиција во периодот од 07.00 до 12.00 часот спроведе акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници во Штип.

При тоа, од извршената акциска контрола откриени се вкупно 24 прекршоци од нив: 11 за неисправен уред за запирање, два за неисправен уред за управување, два за непродолжена регистрација, еден – неисправни светлосни уреди, еден – неисправни останати уреди, еден – недостатоци на опрема и шест за неизвршен вонреден технички преглед. Санкционирани се и 37 останати прекршоци, соопшти МВР.