Саемот на книга годинава на отворен простор – ММС
ММС

Објавено на: 09/1/20 1:39 PM

Саемот на книга годинава на отворен простор

Во вонредни услови за живеење и работење македонските издавачи направија напори да ја продолжат традицијата и на љубителите на пишаниот збор да им овозможат да се снабдат со нова книга. Саемот на книга 2020 ќе се одржи од 8 до 14 септември, на отворено во „А1 арена СЦ Борис Трајковски“, кај Аква паркот, под монтажни објекти.

Издавачите ќе  ги понудат своите најнови наслови и богатата понуда на книги од домашни и странски автори , стручна, научна и белетристичка литература, книги за деца и млади и литература на странски јазици .Согласно Протоколите за спречување на ширење на коронавирусот, пропишани од Владата за Саемот на книга 2020 ќе бидат обезбедени сите безбедносни мерки, поради кои, впрочем, оваа година за првпат и се одржува на отворен простор.