Во Супсахарска Африка 67.000 деца во опасност да умрат од глад – ММС
ММС

Објавено на: 09/1/20 12:54 PM

Во Супсахарска Африка 67.000 деца во опасност да умрат од глад

Во Супсахарска Африка 67 илјади деца се во опасност да умрат од глад поради отежнатите услови за живеење по појавата на епидемијата на Ковид-19, пренесува aгенцијаta Анадолија (АА).

Во соопштението од меѓународната невладина организација „Save the Children“ се наведува дека доколку не се преземат итни мерки, до крајот на годината 67.000 деца може да умрат поради недостиг на храна. Меѓународната невладина организација нагласува дека епидемијата на Ковид-19 уште повеќе ги влошила сегашните услови.

Се додава дека многу деца кои се соочуваат со недостиг на храна секојдневно се хоспитализираат, а се очекува и влошување на состојбата.

Регионалниот директор на организацијата „Save the Children“ во Источна и Јужна Африка, Јан Вале, предупреди дека кризата со храна може да ги чини живот десетици илјади деца.