Во некои балкански земји денеска почна учебната година – ММС
ММС

Објавено на: 09/1/20 9:27 AM

Во некои балкански земји денеска почна учебната година

На екс-југословенските, балканските простори учебната година во основните и средните училишта редовно почнуваше на 1 септември. Годинава, поради коронавирусот – како кој. Босна и Херцеговина е една од земјите што денеска ги отвори училиштата. Така е во Сараево и во Сараевскиот Кантон, а во други кантони училишните ѕвончиња ќе заѕвонат по една недела.

„Радиосараево“ објави повеќе фотографии од првиот училиштен ден. Највозбудиво им било на првачињата, кои првпат влегуваат во училиштата. Одделенската настава ќе се одвивала во групи од по 15 ученици, со траење на часовите од по 30 минути и со почитување на протоколите од Министерството за здравство.