Генералниот директор на светската здравствена организација, Тедрос Гебрејесус, предупреди дека ограничувањата кои беа воведени како последица на коронавирусот, не треба прерано да се ублажуваат и да се организираат потенцијално опасни настани, бидејќи тоа може да биде „рецепт за катастрофа“.
Гебрејесус на редовниот брифинг во Женева истакна дека СЗО го поддржува повтроното отварање на економиите и општествата, потенцирајќи дека луѓето треба да се вратат на своите работни места, децата во училиште но секако под безбедносни протоколи.
Првиот човек на СЗО смета дека рамнотежа може да се постигне доколку земјите воспостават контрола врз ширењето на вирусот и смета дека колку повеќе земји имаат контрола над вирусот, толку повеќе можат да ги ублажуваат рестрикциите. Сепак предупреди дека ниту една земја не треба да се преправа дека пандемијата е завршена.