Шокантно видео е објавено од полицијата во Њујорк, во кое се забележува маж како се обидува да силува 25-годишна жена на платформа во метрото.
Очевидци со видеоснимка го снимија обидот за силување. Според информациите, жртвата врескала привлекувајќи го вниманието на минувачите, кои потоа викајќи го бркале насилникот.
We’re seeking the public’s help finding this man, wanted for attempted rape after this brazen and brutal sexual assault yesterday at the 63rd St / Lexington Ave station- Please call @NYPDTips at 800-577-TIPS with any information on his identity or if you witnessed this assault pic.twitter.com/MYbnW62GKS
— NYPD Chief of Transit (@NYPDTransit) August 30, 2020
На ова видео се слуша како некој му вика на сторителот „бегај од неа“. Според снимката што е објавена во јавноста, сторителот конечно ја оставил младата жена, станал од земја како ништо да не се случува, ги ставил очилата и си заминал.
Полицијата веднаш била повикана во метрото, но сторителот заминал. Њујоршката полиција го уапси Хозе Рејес, жител на Бронкс, вчера попладне и сега тој се соочува со обвиненија за обид за силување, напад и малтретирање.