Европската комисија објави дека ќе издвои 400 милиони евра за набавка на вакцини против „Ковид-19“, во иницијатива на Светската здравствена организација.
Целта на иницијативата наречена COVAX е да се купат две милијарди потенцијални дози од неколку производители на вакцини до крајот на следната година.
Комисијата преговара за набавка на вакцини од неколку производители на лекови во името на 27 земји на ЕУ.
Комисијата во последните неколку недели рече дека владите на ЕУ не можат да купат вакцини преку шемите за паралелно купување. Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен изјави дека Комисијата ќе издвои 400 милиони евра за да работат заедно за да ја купат вакцината во корист на сиромашните и средно богатите земји.
Комисијата во изјавата рече дека е подготвена, заедно со земјите на ЕУ, да ги искористи стручноста и ресурсите на COVAX за да го забрза и прошири развојот и производството на глобални резерви на вакцини за граѓаните низ целиот свет.
Преземено од:http://ba.n1info.com/