Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска разговарал со канцеларката на Германија, Ангела Меркел за Косово и Метохија.
Во телефонскиот разговор Вучиќ и Меркел, за време на паузата на форумот во Блед, главана тема било Косово и Метохија, односно престојната делегација на Белград и Приштина во Вашингтон и Брисел, пренесува РТС.
„Благодарен сум на германската канцеларка на поддршката на економскиот и политичкиот развој на Србија и нејзиното разбирање за нашата тешка регионална политичка позиција“, изјавил претседателот на Србија, кој учествувал на беледкиот форум.
Вучиќ изјавил дека имал одличен телефонски разговор со Меркел.
Вучиќ на маргините на Бледскиот стратешки форум се состанал и со претставникот на ЕУ за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, Мирослава Лајчак.
Преземено од: http://ba.n1info.com/