Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети Луизијана за да ја види штетата од ураганот Лора и да ја координира државната помош. Потоа, тој одлучи да им даде автограми на луѓето и им кажа дека можат да ги продадат за 10.000 долари на Ibej.
Трамп седна со група луѓе чии куќи претрпеа големи штети од ураганот, а потоа им даде автограми.
„Продајте го ова на Ibej денес, ќе добиете 10 000 долари“, рече Трамп.
Некои предмети потпишани од американскиот претседател веќе се нудат на Ibej, а некои од понудите навистина достигнуваат илјадници долари, пренесува Скај њуз.
Фото: rts.rs