Време: Последниот августовски ден го испраќаме со +39, од утре опаѓање на температурите – ММС
ММС

Објавено на: 08/31/20 5:45 AM

Време: Последниот августовски ден го испраќаме со +39, од утре опаѓање на температурите

Претежно сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец ќе биде, според прогнозата на УХМР, времето денеска. Максималната температура до 39 степени. УВ=8.

Од утре, 1 септември, ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а дневната температура постепено ќе опаѓа од утре и во наредните денови.