Лекарите предупредуваат за опасниот TikTok тренд кој може трајно да ја оштети кожата – ММС
ММС

Објавено на: 08/30/20 6:40 PM

Лекарите предупредуваат за опасниот TikTok тренд кој може трајно да ја оштети кожата

Загрижувачки голен број домашни „трикови“ за убавина зазема сила кај се попопуларната апликација  „TikTok“.

Една од најновите во серија е онаа во која корисниците на социјалните мрежи споделија видеа во кои пробуваат опасен обид да ги отстранат бемките од телото. Вознемирувачките видеа покажуваат дека луѓето се обидуваат да се ослободат од бемките со стружење, горење или употреба на хемикалии.

Во меѓувреме, експерти излегоа и со предупредување за опасностите од ова и ги повикуваат корисниците да побараат стручна помош доколку сакаат да ги отстранат бемките.

Директорот на клиниката за дерматологија, др. Рос Пери, објаснил дека не постои безбеден начин да се отстранат бемките дома и дека обидот сами да го направите тоа може да предизвика трајна последица.

https://www.tiktok.com/@sailorgirlfriend/video/6812997964227775749?referer_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Ffit%2Fclanak%2Flijecnik-upozorava-na-opasan-tiktok-trend-koji-moze-trajno-ostetiti-kozu%2F2208829.aspx&referer_video_id=6810032909429312773

„Користењето хемикалии или обидот со стругање може да доведе до инфекции, крварење, лузни и деформација на кожата“, истакнал тој.

Потсетуваме, неодамна луѓето се обидоа да ги избелат забите со белило, што е само уште еден во низата бизарни и опасни трикови што се раширија на TikTok.

Стотици луѓе ги виделе видеата, поради што ги поттикна британското здружение на дерматолози, британското здружение за стоматолози и британската Фондација за кожа да се изјаснат за оваа проблематика. Меѓу другото, експертите ги советуваа луѓето да не пробуваат ништо дома сами, пишува Mirror.

Д-р Анјали Махто, портпарол на британското здружение на дерматолози, рече: „Важно е да се потсетат луѓето дека социјалните медиуми не треба да се користат како примарен извор за дерматолошки проблеми“.

„Што се однесува до кожата, тоа може да доведе до непотребен страв или паника таму таму каде што не е потребно, да се трошат ресурси како пари на производи што не можат да се користат за лекување на медицински проблеми, потенцијални одложувања во третманот и потенцијално влошување на психолошкото здравје“, додадел тој.

Преземено од: https://www.index.hr/