„Ова не е политика, туку криминал“ – масовни протести во Ерусалим (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 08/30/20 10:16 AM

„Ова не е политика, туку криминал“ – масовни протести во Ерусалим (ВИДЕО)

Илјадници Израелци синоќа демонстрирале во Ерусалим, барајќи оставка од премиерот Бенјамин Нетањаху, кому му се суди за корупција и кој го обвинуваат дека адекватно не одговорил на кризната која настанала со пандемијата на корона вирусот.

Помали протести се одржани и во други делови на Израел и пред куќата на Нетањаху во приморскиот град Цезареј.

На протетсите во Ерусалим демонстрантите биле собрани на влезот од градот и се движеле до резиденцијата на Нетањаху носејќи израелско знаме, како и црноз наме кое симболизира протестен чекор. На транспарентите кои ги носеле пишувало „Ова не е политика, ова е криминал“.

Владејачката коалиција на Нетањаху привремено избегна можно распаѓање оваа недела бидејќи на неговиот некогашен ривал, сега коалиционен партнер Бани Ганc, договорено е гласањето за буџетот да биде одложено до декември.

Доколку Ганц и Нетањаху не успеаа да се договорат за одржување на гласањето за буџетот, владата би паднала и Израел би имал четврти општи избори за помалку од две години.

Кризата настана поради апндемијата со корона вирусот поттикнувајќи протетси

Кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус предизвикува протести затоа што по првичниот успех во стопирањето на ширењето на инфекцијата, Израел ја отвори својата економија премногу брзо во мај, што доведе до нагло зголемување на бројот на заразените.

Повеќе од 113,000 луѓе се заразени во Израел, а бројот на починати се приближува до 1.000. Невработеноста е поголема од 20 проценти, а оние кои се погодени од рестриктивни мерки учествуваат на протестите.

Во меѓувреме, Нетанјаху е на суд за измама, кршење на довербата и мито.

Преземено од: https://www.blic.rs/