Зголемена фреквенцијата на сообраќајот на граничниот премин Ќафасан – ММС
ММС

Објавено на: 08/30/20 9:12 AM

Зголемена фреквенцијата на сообраќајот на граничниот премин Ќафасан

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на граничниот премин Ќафасан, каде се бележи зголемена фреквенција, а задржувањата се околу 30 минути, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

ГП Илинден – Струга известува дека утре на патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно на делницата Пресека – с. Врбјани, помеѓу 12:00 – 15:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин во период од 15 до 20 минути, поради изведување градежни работи на пат (минирање).

Поради поставување на канализациона мрежа во с. Чајле, сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – с. Чегране ќе се пренасочува по алтернативни патишта.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.