Штипскиот универзитет со 105 партиципации за најдобрите бруцоши – ММС
ММС

Објавено на: 06/27/18 9:05 AM

Штипскиот универзитет со 105 партиципации за најдобрите бруцоши

Пред старотот на новиот уписен рок за студенти во прва година на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, ректорот Блажо Боев објави дека обезбедени се средства од Фондот за иновации и соработка со стопанството и бизнисот за најдобро рангираните кандидати на повеќе факултети.  На бруцошите, рече ректорот Боев, обезбедени се средства за партиципација.

– На студиските програми на сите факултети на Универзитетот, ќе бидат доделени 105 партиципации за средношколците, кои ќе бидат најдобро рангирани на ранг листите, кога ќе се запишуваат во прва година. Станува збор за средства, кои ги обезбедува стопанството  како поддршка на развојот на  Универзитетот, во функција на обезбедување на подобри курикулими, кои се поприлагодливи за она што значи потреба за стопанството, кажа Боев.

Бројот на поддржани студенти ќе зависи од големината на факултетите.

Најмногу студенти вообичаено се запишуваат на медицинските науки,па според тоа и таму ќе има најголем број на партиципации.

-Најмногу партиципации ќе бидат доделни на Факултетот за медицински науки – 13, потоа на Факултетот за природно технички науки – 10, колку што ќе бидат доделени и на Факултетот за земјоделски науки и итн. При тоа, по двеста евра ќе добијат студентите кои се на факултетите во Штип, а по сто евра на дисперзираните студии надовр од Штип, изјави ректорот Блажо Боев.

Така ќе започнат најдборите средношколци, кои со помош на Универзитетот стануваат и најдобри бруцоши, но натамошната поддршка во следните години од струдирањето ќе зависи од нивниот успех. Стипендии ќе има и натаму од компаниите со кои штипскиот универзитет продолжува да склучува договори за соработка и во делот на поддршката на студенти со стипендии. За утре е највено потпишување договор со Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), договор што опфаќа и одреден број на стипендии, а има и други заинтересирани компании.

Според конкурсот за студиската 2018/2019 година, Универзитетот „Гоце Делчев“ има  место за 5.037 бруцоши , кои ќе можат да се запишат на еден од 15 факултети и академии. Од нив 3.078 се редовни студенти во државна квота, 1.064 се со кофинансирање и 895 места се предвидени за вонредни студенти.  Најдобро рангираните бруцоши од листите автоматски стануваат добитници на партиципации, според бројот на предвидените по факултети.