Анчелоти го доби својот човек, Бразилецот се сели од Неапол на „Гудисон Парк“ – ММС
ММС

Објавено на: 08/29/20 6:55 PM

Анчелоти го доби својот човек, Бразилецот се сели од Неапол на „Гудисон Парк“

Пред две сезони вреднуван на повеќе од 60 милиони евра, контоверзниот сопственик на Наполи денес го продава бразилскиот интернационалец Алан за приближно половина од првичната негова замисла.

Играчот од средината на теренот го напушта Неапол и се сели во Премиер Лигата кај Карло Анчелоти. Евертон конечно го доби посакуваниот фудбалер со кој ќе атакува на позициите кои следната сезона ќе водат во европските натпреварувања.

Алан изминатите години беше еден од подобрите поединци на неаполците, но по доаѓањето на Џенаро Гатузо на кормилото на Наполи, Бразилецот беше „фрлен“ во втор план и најчесто добиваше минути од клупата.

Дваесет и деветгодишниот Алан во текот на утрешниот ден според „Sky Sports“ ќе има медицински прегледи во тимот од „Гудисон Парк“, а веднаш потоа ќе стави потпис на договорот.

Но, Евертон не планира да застане тука. Абдулај Докуре од Вотфорд и Џејмс Родригез од Реал Мадрид, се очекува да бидат второто односно третото огромно засилување во средниот ред на „карамелите“ летово.