Рита Ора и Дуа Липа ги перат парите на мафијата- Американска активистка ја открива мрежата на финансирање на пејачките – ММС
ММС

Објавено на: 08/29/20 6:29 PM

Рита Ора и Дуа Липа ги перат парите на мафијата- Американска активистка ја открива мрежата на финансирање на пејачките

 

Бетани Џоан , Американка која се занимава со активизам во поп-културата, објави на Твитер шема според која албанската мафија пере пари стекнати од криминал преку музички  ѕвезди како Дуа Липа, Рита Ора и Ава Макс.

Според нејзините тврдења, парите заработени од трговија со луѓе, наркотици, грабежи, изнудување, убиства, се ставени во кариерите на споменатите пејачки за да бидат воведени во легален тек. Бетани напиша многу твитови под наслов „Ненадејниот подем на поп-ѕвездите и нивната поврзаност со албанската мафија“ на 20 јули, а досега е споделен над 1.700 пати, а се проценува дека го прочитале неколку милиони луѓе.

https://twitter.com/mamabethanyjoan/status/1285187292525731841

– Можеби забележавте необична и ненадејна експлозија на албанските поп-ѕвезди кои имаат исклучително влијание на музичката сцена во топ 40 на американските и европските територии. Тоа се Дуа Липа, Биби Реџа, Ава Макс, Рита Ора. Како мала држава со население од само 2,8 милиони луѓе одеднаш експлодира со многу, релативно слични поп  ѕвезди? Одговорот лежи во албанската мафија и перење пари! Тие (албански: Мафиа  Шкиптаре) се општи термини што се користат за криминални организации со седиште во Албанија, а се активни во Европа, Северна и Јужна Америка и многу други делови на светот. Активностите на мафијата  Шиптар вклучуваат трговија со оружје, убиства, изнуди, грабежи, трговија со луѓе, уцени, трговија со дрога, кражби, шверц со диви животни – објаснува таа и продолжува:

– Ова се пари што треба да се перат и тука настапуваат поп-ѕвездите. Албанската мафија вложува голема сума пари во кариерата на овие изведувачи со цел да создаде илузија на суперѕвезди и нивните турнеи се користат за такви цели. Еве еден пример: Рита Ора (контролирана од мафијата Шиптар) закажа концерт во Задар, Хрватска. Обично избираат помали градови во земји со помалку медиумско покритие за ваквите операции. Концертот беше голем дебакл и, наводно, биле продадени само 4.000 билети, а нејзиниот тим тврди дека се продадени над 60.000, иако  во салата може да се смести максимум 9.000 луѓе. Со пријавување „продадени 60 000 билети“, Рита Ора и нејзиниот тим успешно переле голема сума пари од кокаин – наведува Бетани. Покрај перењето пари, како што верува таа, кариерата на споменатите албански ѕвезди служи и како опасна пропаганда.

https://twitter.com/mamabethanyjoan/status/1285187295956606977

– Нивниот криминален манифест е длабоко вкоренет во албанскиот национализам и има за цел да го подели регионот што претходно беше уништен од војната. Сега, тие ѕвездивезди користат налог на социјалните мрежи за ширење опасни националистички пораки, како што е „Голема Албанија“, со цел да доведат до уше една војна, благодарение на пропагандата. Дуа Липа ја подигна работата на повисоко ниво кога објави ревизионистичка мапа што ја користат фашистите, со цел да ги раздели соседните земји и да создаде немири, сето тоа под изговор на социјална правда – напишала Бетани Џоан во објавата на Твитер.

https://twitter.com/mamabethanyjoan/status/1285187301006606349