Членовите на Здружението за лица со посебни потреби „Заедно Можеме” од Гостивар беа дел од четвртото издание на Меѓунардониот симпозиум на уметноста „Струга 2020″, во орагнизација на Здружението за уметност и култура „Силиндарт” – Гостивар.
Дваесетина учесници, речиси сите деца со посебни потреби, твореа уметнички дела со помош на уметниците учесници на Симпозиумот.
-Со задоволство се одзвавме на поканата на претседателот на Здружението „Силиндарт”, Бурхан Ахмети, за да нашите членови речиси сите деца, учествуваат на овој толку значаен културен настан и да ја вкусат уметноста и културните настани исто како лицата без попреченост. Делата кои ќе ги творат на овој Симпозиум, ќе ги презентираме пред јавноста на некој друг пригоден настан, вели Шпенди Салија, претседател на Здружението „Заедно можеме”.
Ова е прво издание од овој Симпозиум, на кое се организира ваква активност.
-Видовме за сходно годинава, покрај другите активности како што се уметнички настап, мурални слики 3Д, поетска вечер и завршна изложба, еден ден од овој симпозиум да го одвоиме за лица со посебни потреби. И радоста на овие деца, но и нашето задоволство додека работевме со нив, не убедија дека не згрешивме и планираме на сите наредни изданија да организираме ваков настан, бидејќи цениме дека нивната социајлизација и учество во културно-уметнички активности е скапоцено за целото општество, изјави Бурхан Ахмети, претседател на “Силиндарт”.
Организаторите, на учесниците им доделија сертификати за учество, а претседателите на двете здруженија, разменија признанија за дадениот придонес.