Вељко Пауновиќ е нов тренер на Рединг – ММС
ММС

Објавено на: 08/29/20 4:10 PM

Вељко Пауновиќ е нов тренер на Рединг

Некогашниот премиерлигашки тим, Рединг, го ангажираше освојувачот на златото на Светското првенство за млади со репреентацијата на Србија, Вељко Пауновиќ. Пауновиќ кој доаѓа од МЛС лигата од тимот на Чикаго, за првпат во кариерата ќе работи во англискиот фудбал.

-Со неговото огромно искуство и како играч и како тренер во топ лигите низ светот и со докажано педигре на успешна работа со млади фудбалери на домашна и интернационална сцена, убеден сум дека Вељко може да го води клубот напред. Ова е процес и неговото назначување на челото на Рединг беше размислено неколку месеци претходно. За нас тој е вистинскиот кандидат и пресреќни сме поради неговото доаѓање, изјави сопственикот на сино-белите, Даи Јонге.

На 17 годишна возраст Пауновиќ дебитира во фудбалот за белградски Партизан. Во 1995 година се сели во Марбеља, а една година потоа во Атлетико Мадрид. Со само 20 години, тој им помага на Атлетико да стигнат до полуфиналето на Уефа Купот.

Првиот официјален меч на српскиот стратег ќе биде против Дерби Каунти на гостински терен.