Читалните во библиотеката „Браќа Миладиновци” од 1 септември ќе работат од 8 до 19 часот – ММС
ММС

Објавено на: 08/29/20 11:23 AM

Читалните во библиотеката „Браќа Миладиновци” од 1 септември ќе работат од 8 до 19 часот

Од 1 септември читалните во Градската библиотека „Браќа Миладиновци” ќе работат од 8 до 19 часот, од понеделник до петок, информираат од Град Скопје.

За работа на читалните ќе важи посебен протокол, со цел заштита на корисниците и на вработените од ширењето на коронавирусот.

– Како подготовка пред отворањето на читалните во целиот објект се отстрануваат сите места за седење кои се надвор од читалните; на јасно видливи места се истакнуваат информации според кои – се забранува присуство во другите простории на објектот каде што се наоѓа читалната (хол, аула, простории за одмор); предмети (чанти, ранци) не смеат да се оставаат на подот; вратите и прозорците не смеат да се затворат; храна и пијалаци не смеат да се оставаат на масите; означени насоки за движење во објектот каде што се наоѓа читалната; задолжително носење маска за лице во просториите на читалната; масите и столчињата се наоѓаат на растојание од најмалку 1,5 до 2 метра и е ограничен бројот на посетители во читалните (во читалната 1 на прв кат има 30 седишта, а во читалната 2 на втор кат – 25 седишта); вратите и прозорците се оставаат отворени, истите се фиксираат; пред влезот се остава сунѓер со средство за дезинфекција на обувките; пред влезот на читалната се поставува средство за дезинфекција на рацете; секое место за седење се нумерира; автоматите за самопослужување на пијалаци и храна не се во функција, се дел од протоколите кои ќе треба да се почитуваат, информираат од Град Скопје.

За влез и излез од објектот важат следните протоколи – пред секое влегување се дезинфицираат рацете; лицето задолжено за прием на студентите и распределување на местата во читалната задолжително носи ракавици, маска и очила/ визир за заштита; пред влегувањето во читалната, се мери телесната температура на корисникот; на пријавница се покажува членска карта и се добива соодветно место за седење; се евидентираат времето, име, презиме и податоци за контакт; странката одговара на прашања дали бил/а во контакт со лице заразено со SarsCoV-2 и дали има забележливи симптоми; напуштање на местото за седење се најавува на пријавница.

За одржување на хигиената во објектот, до Град Скопје информираат дека санитарните простории ќе се дезинфицираат на секои два часа; по напуштање на местото за седење тоа ќе се дезинфицира и ќе се распределува по изминати 10 минути.

– Централните вентилациски системи, вентилатори, клима уреди и слично не се ставаат во употреба; се внимава на редот, мирот и одржувањето дистанца надвор од објектот; се работи според претходно утврдено работно време (од 8 до 19 часот од понеделник до петок, сабота и недела читалните не работат); списокот со претходно запишани лица коишто ја посетиле читалната и нивните информации за контакт се чува две недели, се вели во соопштението од Град Скопје.