Група планинари на Голанската Висорамнина доживеале шокантно изненадување, кога во текот на планинарски поход дошле до напуштени тенкви полни со вооружување, но без ниту еден израелски војник во нив или во близина, пишува „Раша тудеј“, а пренесуваат белградски „Новости“.
Од Генералштабот на Армијата најавиле дека „жестоко“ ќе ги казнат одговорните војници што ги напуштиле петте современи израелски тенкови од типот „меркава“.
Засега е непознато зошто тие чудовишта од 65 тони биле оставени без посада и стража. Се претпоставува дека се во прашање верски причини – претстојниот празник Шабат, за кој отстуство добиваат многу мал број ултра-ортодоксни Евреи.