Руска нуклеaрна подморница ненадејно се појавила кај Алјаска, американската војска на нозе – ММС
ММС

Објавено на: 08/29/20 9:21 AM

Руска нуклеaрна подморница ненадејно се појавила кај Алјаска, американската војска на нозе

Информацијата ја соопштија американские власти, но не откриваат повеќе детали, вклучувајќи го и тоа колку руската нуклеарна подморница е далеку од брегот на Алјаска. АП завчера извести дека непознато руско пловило од непознати причини изнуркало и се појавило на површината во меѓународните води во близина на Алјаска. Подоцна се утврдило дека се работи за нуклеарната подморница „Омск“. Американските воени власти соопштија дека будно се набљудуваат активностите на подморницата.

Руската пацифичка флота тврди дека излегувањето на површина на подморицата во Беринговото Море било рутинско, иако се работи за настан што ја крена на нозе американската војска, пишува порталот The Drive.