Спектакуларен грабеж во центарот на Лион: Разбојниците избегаа со девет милиони евра во кражбата на деценијата – ММС
ММС

Објавено на: 08/29/20 7:41 AM

Спектакуларен грабеж во центарот на Лион: Разбојниците избегаа со девет милиони евра во кражбата на деценијата

Разбојници во францускиот град Лион вчера ограбија возило на слжба за обезбедување и однесоа девет милиони евра. Се работи за најголемиот грабеж во Франција откако Тони Мусулин во 2009 година избега со 11,6 милион евра, пишува „Гардијан“.

Неколку вооружени поединци го ограбиле возилото откако излегло од подружницата на Француската банка во центарот на Лион. Две комбиња го блокирале возилото на агенцијата за обезбедување, разбојниците му се заканиле на возачот, ги зеле парите и избегале со двете возила, кои подоцна ги запалиле. Тројцата од обезбедувањето, двајца мажи и една жена, биле во шок и ќе им требала психолошка помош, пренесува „Јутарњи лист“.