Возачот на „камионот на смртта“ призна убиство на 29 мигранти од Виетнам – ММС
ММС

Објавено на: 08/29/20 7:38 AM

Возачот на „камионот на смртта“ призна убиство на 29 мигранти од Виетнам

Возачот на камион од Северна Ирска, Ронан Хјуз (40), вчера се изјасни за виновен за убиство со умисла на 39 луѓе од Виетнам, чии тела беа пронајдени минатата година во задниот дел на камион-ладилник на југоистокот на Англија.

Хјуз (40) се изјасни за виновен во Централниот кривичен суд во Лондон. Тој се изјасни и за виновен за заговор за помош при нелегална имиграција на граѓани кои не се членки на ЕУ од 1 мај 2018 до 24 октомври 2019 година, пренесува АП.

Другиот возач на камионот, Морис Робинсон, кој управувал со возилото кога било пронајдено во округот Есекс, веќе се изјасни за виновен за обвиненијата за убиство со умисла.

Третиот човек, Имон Харисон (23), исто така од Северна Ирска, се изјасни за невин за истите обвиненија, пренесува Ројтерс.

Сите жртви во камионот со ладилник се Виетнамци, кои беа пронајдени на 23 октомври лани во задниот дел на камионот во индустриски парк во англискиот град Грејс.