Пејачот Владо Георгиев е вратен од црногорската граница во БиХ поради забраната за влез во Црна Гора, а пејачот за АТВ изјави дека ова е скандалозно и дека властите се однесувале како Хитлер и Сталин. Тој и вчера, по забраната рече го третирале како криминалец, а, како што рече тој, криминалци шетаат низ улиците на Црна Гора.
– Не знам што се случува таму (Црна Гора) затоа што не успеав да влазам таму, би рекол дека ова е скандалозно. Навистина не очекував дека покрај сите репресивни мерки пред овие избори, кои ќе се одржат во недела, сегашната власт нема да запре на ништо, нема да бира средства, но дека мене ќе ме забрани да влезам во Црна Гора, како што веќе навеле во решението кое ми е предаден како на безбедносно интересно лице – вели Георгиев за АТВ.
Изборите се одржуваат во недела во Црна Гора, а сегашната влада се соочува со можност за губење на позициите, а некои сметаат дека може да се очекуваат немири.
Адвокатската фирма Томановиќ, која го претставува пејачот Владо Георгиев во спорот со државните институции на Црна Гора, во црногорската амбасада во Белград поднесе жалба за МВР, и изрази уверување дека решението за забрана за влез на Георгиев ќе биде поништено.