Да се помолиме на Господ- Чествување на Голема Богородица чиешто име го носи црквата во Кривопаланечкиот манастир – ММС
ММС

Објавено на: 08/28/20 4:06 PM

Да се помолиме на Господ- Чествување на Голема Богородица чиешто име го носи црквата во Кривопаланечкиот манастир

Големиот христијански празник Успение на пресвета Богородица во манастирскиот комплекс Св.Јоаким Осоговски започна со утринската света божествена литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Кумановско-Осоговски г.Григориј во сослужение со г.Јосиф и свештенството од Кумановско-Осоговската епархија, кривопаланечко архиерејско намесништво.

Голем број верници од Крива Паланка и околината, како и од сите краеви на земјата денеска ги посетија храмовите во комплексот, црквата посветена на Пресвета Богородица и манастирот посветен на светецот-закрилник на градот, св.Јоаким Осоговски.

По литургијата во дворот на црквата беа благословени славските колачи од верниците кои овој ден го празнуваат како домашна слава, а беше осветена и вода.