Рано утринава гореше млекарницата „Милком“ во село Ногаевци – ММС
ММС

Објавено на: 08/28/20 12:39 PM

Рано утринава гореше млекарницата „Милком“ во село Ногаевци

 

Се запали млекарницата „Милком“ рано утринава. Нема повредени работници.Пожарот се разгорел околу 5 часот кога бил пријавен во полициската станица и во Територијалната противпожарна единица во Велес.

Цели пет ипол часа девет пожарникари со 3 противпожарни возила од Велес и нивни колеги со едно противпожарно возило од Неготино интервенирале во гаснењето на пожарот. Пожарот е локализиран во 10 и 30 часот.

Според првичните информации површината што горела е голема. СВР Велес ја потврди информацијата и соопшти дека во моментов екипа прави увид на лице место. Резултатите од увидот ќе треба да ги утврдат причините како и материјалната штета што ја предизвикал пожарот

Ова е втор пожар што за неколку години се случува во овој производствен капацитет на млеко и млечни производи во село Ногаевци, кај Велес..

Убавка Јанева