Лудило низ улиците- се чека Меси! – ММС
ММС

Објавено на: 08/28/20 9:44 AM

Лудило низ улиците- се чека Меси!

Фудбалскиот земјотрес трае – Лионел Меси реши да ја напушти Барселона и сега сите чекаме да видиме каде Аргентинецот ќе ја продолжи кариерата.

Има многу додворувачи, но еден е најгласен. Поточно, најгласни се навивачите на „Њуелс Олд Бојс“  матичниот клуб на Лео Меси. Толпа луѓе излегоа на улиците на Розарио со една желба – Меси да се врати дома!

Сирени, бучава, знамиња, песна се само некои од елементите на поворката што го одбележа денот на аргентинската Розарио, каде сите се надеваат дека ќе можат да го гледаат Меси во живо!

Погледнете како изгледаа улиците на градот.

Фото: dailymail.co.uk