Еден маж во Флорида кој минал ги последните 37 години затвор, бил осуден за силување и убиство е ослободен бидејќи официјалните лица откриле нови докази кои ја докажуваат неговата невиност.
Роберт Дибоаз (56) издржуваше доживотен затвор осуден во 1983 година за убиството на 19-годишната Барбара Греам, која беше силувана и претепана на пат кон дома од работа.
BREAKING NEWS: Our client Robert DuBoise just walked free for the first time in 37 years.
“I never lost faith that today would come. Now the world knows DNA proves I did not commit this crime,” Robert said. https://t.co/HyejDI4Mtx
— The Innocence Project (@innocence) August 27, 2020
Дибоаз беше осуден врз основа на само еден доказ, гризнување на лицето на жртвата.
Денес, адвокатите во рамките на „Проектот за невиност“ ги преиспитаа доказите што доведоа до пресудата. Експертите докажаа дека лузната на образот на жртвата не е од гризнување.
Судијата Кристофер Неш пресуди дека Дибоаз, кој ја издржува казната на Флорида, мора веднаш да биде ослободен.
Тереза Хол, адвокат на Одделението за ревизија на пресудите, формирана во 2016 година, рече дека 3.500 документи биле разгледани во овој случај.