По подолгиот попладневен состанок на работниците од штипска Баргала со ССМ, менџментот на фабриката и невладината Гласен текстилец, составен е преддоговор со динамика на исплата на неисплатените делови од плата. Договорот е дадена на разгледување кај менаџментот, кој во вторник, на нов состанок, треба да се изјасни дали е во можност да го исполни, а вработени да кажат дали за нив е прифатлив. Работниците од утре се враќаат редовно на работа. Овие заклучоци, во изјава за Канал 77, ги соопшти претседателот на гранковиот синдикат на работниците од текстилната и кожарската инстрија при ССМ, Љупчо Радовски.
-Најпрвин успеавме да го решиме проблемот со здравственото осигурување – постигнавме договор со Фондот за здравствено осигрување авансно да го плаќаат осигурувањето, за да може работниците од први до 31ви да го користат. До сега се плаќање по 20-ти и работниците имаат десетина дена здравствено осигурување. Направивме една драфт верзија за надоместување на неисплатените делови од плата, кои во изминатиот перидот од шест месеци се исплаќање во намален износ. Договорена е динамика на исплата на неисплатените денови од платата во изминатиот период, изјави Радовски.
Што се однесува до изјавите на работниците дека земале по 10.500 денари плата, Радовски негира и тврди дека има работници што зеле 15 – 16.000 денари плата.
-Она претходно што го зеле, направивме динамика, затоа што имавме договор да може да исплати 80% (март, април, мај и изостанатата плата во февруари). Но, од септември, сето ова што не е исплатено, да се исплати. Не беше 10.000 денари, туку во зависнот кој колку бил на работа, објасни Радевски, кој рече дека ги имал на увид документите за исплата на плата на работниците и ги знае исплатите во изминатиот период.
Работниците на Баргала веќе два дена не работа, незадоволни од динамиката и висината на исплатените плати.