„Ја бојкотиравте НБА лигата за да одите во своите домови’’ – ММС
ММС

Објавено на: 08/27/20 5:50 PM

„Ја бојкотиравте НБА лигата за да одите во своите домови’’

Непријатните настани со расистичка нота во САД не стивнуваат. Додека НБА лигата им дозволи на своите кошаркари на дресовите да напишат општествено одговорна порака и да му оддадат почит на движењето „Black lives matter“, на улиците на Висконсин повторно полициската бруталност излезе на дело.

Поради тоа, екипата на Милвоки вчера не сакаше да го одигра мечот против домаќинот Орландо и не сакаше воопшто да истрча на паркетот, а екипите како Лос Анџелес Лејекрс и Лос Анџелес Клиперс, повикуваат на целосен бојкот на сезоната.

Од друга страна пак, постојат и кошаркари кои не се согласуваат и сметаат дека ова не е вистински начин на изразување протест и менување на нештата.

-И да одите од „баблот“, дали го правите тоа за да одите во своите домови и да останете со своите семејства? Или го правите тоа за да скокнете во ровови и да започнете со борба на улиците, запраша кошаркарот на Бостон Селтикс, Џејлен Браун.

Раководството на лигата денес треба да состанчи со ѕвездите во НБА, во обид да ги предомисли и да ги врати на терените.