По ангажирањето на Коди Милер-Мекинтајр, Немања Дангубиќ, Треј Дрешел и Ерик Мика, црно-белите од Белград се пред прагот на потпишување со уште еден кошаркар со НБА бекграунд. Се работи за Американецот, Ендру Херисон. Дваесет и петогидшниот плејмејкер избран е пред пет години како 44 пик на НБА драфтот од страна на Феникс. Освен во сончевата Аризона, тој има настапување и за Мемфис и Кливлед и накратко за Њу Орлеанс Пеликанс.
Херсион не е без европско искуство, тој исто така се обиде да се етаблира во Европа во дресот на руски Химки.
Минатото лето потпиша за Голден Стејт Вориорс и беше веднаш префрлен во развојниот тим на Санта Круз Вориорс. Во G-League, Херисон забележа бројки од 15.5 поени по просек во натпревар и 5.1 асистенции.
Интересно е што неговиот брат близнак од ова лето ги брани боите на Олимпијакос.