Втор ден прекин на работата во штипска Баргала поради нецелосна исплатена минимална плата – ММС
ММС

Објавено на: 08/27/20 3:32 PM

Втор ден прекин на работата во штипска Баргала поради нецелосна исплатена минимална плата

Нов прекин на работата како израз на незадоволство од нецелосно исплатените плати денеска одржаа  работниците во фабриката за чевли „Баргала“ во Штип. Тие веќе втор ден не работат и го изразуваат своето незадоволство од висината на платите од 10.000 денари, која е под законски минималната, што треба да ја исплати секој работодавач. Велат дека немаат ни здравствено осигурување. Работниците побараа да се корегираат платите за март, април и мај, како и исплата на задоцнетата плата за јули.

Работниците денеска беа собрани во фабричкиот круг и одбија да седнат на машините.

-Нека си ги израмни платите и да поченеме да работиме. Извоз има, пари нема. Сите фирми работеа во пандемија и плати и К15 зедеоа. Ние ни минимална плата. Ништо не бараме повеќе од ова, синдикатот преговара, а ние ги имаме само овие барања, по што откако ќе се исполнат веднаш ќе се вратиме на машините, кажа Валентина Мркиќ работничка во Баргала, која има уште осум години до пензија.

Останатите работници реагираат на нереализираните ветувања од менџментот на Баргала.

-Ние без пари не можеме да живееме. Нека ни ги исплати заработените плати. Ништо друго не бараме, велат работниците.

Не е прв пат работниците на Баргала да ја прекинат работата поради неисплатените плати. Пред два месеци посредувал и синдикатот, по што е потпишан договор, меѓтутоа, според работниците, тој договор не е почитуван од менаџментот.

Невладината „Гласен Текстилец“ им помага на работниците со правна помош. Меѓутооа, како што вели претседателката  Кристина Ампева, нивното делување е ограничено, а преговорите треба да ги водат синдикатот, на којшто вработените му плаќаат чланарина веќе 30 години. Проблемот на Баргала е добро познат и на институциите.

-Во оваа фабрика се постојано се доцни барем со една плата. На пример, пред некој ден е исплатена плата за јуни, а веќе сме септември. Плата се пушта под минимална, и работниците се собираат вака секој месец, изјави Ампева, која помага со пријавување до Трудовата инспекција.

За попладнево е закажан состанок на ССМ со раководството. Менаџерот на Баргала Наум Барзов најави став по завршување на овој сосотанок. Претходно синдикатот имаше средба со работниците.

Случајот беше предмет и на партиски препукувања.

 Иако владеачката СДСМ се правда и навидум „ги штити“ правата на работницитесепакпраксата и реалноста покажуваат друго.

-Здружението Гласен Текстилец неколку пати посочува дека постојат дури 200 тужби на работници за нарушување на нивните прававо делот на исплатени плати и придонесиМеѓутоаовие предмети не се процесуиранипа недвосмислено се поставува прашањето дали за тоа е одговорен претседателот на судоткој е прв братучед на претседателот на СДСм во Штип-Александар КангаловДали раководството на СДСМ проблемот на работниците во Баргала  гледа да го скрие „под тепих“, единствено затоа што е фамилијарна компанија на пратеникот од СДСМ – Сашко Николов?, праша Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Штип .

Одговорија од СДСМ – Штип.

-Уште еднаш ги повикуваме сите надлежни институции да дејствуваат согласно законите и да спречат и санкционираат секаква евентуална злоупотреба од страна на економските оператори. Повторуваме: ниту еден економски оператор не смее да злоупотребува мерки и закони, ниту еден економски оператор не смее да манипулира со финансиите кои им припаѓаат на работниците, ниту еден економски оператор кој се обидува да врши злоупотреба на сметка на правата на работниците нема да остане неказнет.Недвосмислено и без резерви стоиме на страната на работниците и нивните права. Впрочем, тоа го знаат и работниците, со кои наши претставници веќе имаат остварено средба. Интересите на работниците ни се приоритетни и правиме сѐ што е во наши надлежности за да истите го добијат заслуженото, стои во реакцијата на СДСМ.