Ништо не јадам а пак сум дебела- Три причини зошто е така – ММС
ММС

Објавено на: 08/27/20 8:00 PM

Ништо не јадам а пак сум дебела- Три причини зошто е така

Прекумерната тежина понекогаш е навистина поврзана со јадење лоша храна и прејадување. Но, понекогаш тоа не е случај.  Сите ги слушаме поплаките на луѓето кои споделуваат дека следат диети, јадат (според нивните зборови) здраво и правилно, спортуваат, но сепак не можат да изгубат тежина. Па, излегува дека не ве лажат! Според лекарите, постојат точно три причини зошто без оглед на тоа што човек прави, тој не може да ослабне и да се збогува од вишокот килограми.

Еве три причини зошто нема да можете да ослабете, без оглед на тоа што правите:

Лекови

Некои лекови доведуваат до зголемување на телесната тежина. Најчестите несакани ефекти лежат кај антидепресиви, лекови за дијабетис, за крвен притисок. Затоа, знајте дека ако пиете некој од нив можеби нема да можете да се збогувате со вишокот килограми.

Проблеми со хормони

Хормоните се одговорни за безброј процеси во организмот, вклучително и метаболизмот. Ако одеднаш почнете да добивате тежина брзо, има најмалку пет клучни хормони што треба да ги барате: инсулин, тестостерон, естроген, кортизол и тироидни хормони.

Возраста

Колку што старееме, толку е побавен нашиот метаболизам. Ова значи дека на 40 години можете да водите ист начин на живот како на 20, но вашето тело ќе изгледа поинаку. Сепак, бавниот метаболизам не е смртна казна. За да одржите тенка фигура, доволно е да ја прилагодите вашата исхрана и физичката активност врз основа на возраста на која сте.

Извор:.блитз.бг