Ми го испружи јазикот, ме галеше по нозе и се дереше на сите- Непријатности на патничка во авион – ММС
ММС

Објавено на: 08/27/20 7:30 PM

Ми го испружи јазикот, ме галеше по нозе и се дереше на сите- Непријатности на патничка во авион

Туристка преживеала кошмар во авион. Таа го опишува сето тоа на нејзиниот профил на Фејсбук. Според неа, непознат маж започнал да ги галзи нозете без да ја праша, а на крајот била принудена да се крие во тоалетот на авионот.  Дејли Меил известува за инцидентот.

Според информацијата, 43-годишната Амерџит Синг Кима патувала од Мумбаи до Лондон со „Бритиш ервејс“.  Тој започнал да ја вознемирува туристката уште на аеродромот, и штом се качиле во авионот, се покажало дека тој седи до неа, а потоа се случил вистински пекол.

-Почна да ми ги допира глуждовите, колената и да ми шепоти непристојни зборови , вели таа.

Младата жена се враќала од одмор по долг период на самоизолација поради коронавирусот и навистина не  била подготвена за таков хорор. Како што и самата вели, Индиецот и ја зел раката,  и намигнал,и го покажал јазикот, а кога се обидела да се скрие од него во тоалетот, тој ја повлекол и продолжил да ја допира.

Патничката открила дека човекот бил агресивен кон другите патници, кои биле налутени од неговото однесување, како и кон членовите на екипажот. По летот, туристката се пожалила на  полицијата и се обидела да поднесе тужба против досадниот патник, но тој не се изјаснил за виновен.

Авиокомпанијата во моментов спроведува своја истрага.

Во мај, фудбалер на Националната фудбалска лига поднесе тужба против превозникот „Јунајтед ерлајнс“, тврдејќи дека доживеал сексуално вознемирување додека бил во авионот. Тој тврди дека за време на летот непозната патничка се обидела да го допира и не запрела, и покрај неговите протести.