Поплави во околината на Атина – ММС
ММС

Објавено на: 06/27/18 7:46 AM

Поплави во околината на Атина

Во реки се претворија  улиците  во областа Мандра, западно од главниот град на Грција, Атина,  по обилните дождови што го зафатија регионот.

Спасувачките служби примиле 45 повици за поплавени домови и продавници, но се очекува тој број  да биде поголем. Екипите се на терен и интервенираат директно таму каде што е потребно.

На терен работат 50 пожарникари со 20 возила, додека брод со нуркачи е превентивно лоциран.

Според Противпожарната бригада, непосредно пред полноќ, дождот  во Мандра престана и се чини дека ситуацијата постепено се нормализира.

Жителите се со свежи сеќавања од ланските  поплави, кога имаше над десет загинати. Многумина ноќта ја поминаа  надвор од своите домови, загрижени дека во текот на ноќта времето ќе се интензивира.

Службите мораа да интервенираат во десет случаи да извлечат луѓе заглавени во автомобили, воведени се  мерки на претпазливост во состојба на готовност.