Универзитетот „Св.Климент Охридски”-Битола денеска го реализира првиот уписен рок за студенти бруцоши. За студирање во прва година на сите универзитетски единици огласени се 2.697 слободни места, а од нив 1 450 се за редовни студенти кои ќе студираат во рамки на државната квота, 790 места се за категоријата редовни студенти со школарина во студиите, а 457 места се за вонредни студенти.
Според јавниот конкурс на УКЛО-Битола, најмногу слободни места за упис се понудени на Технички факултет-Битола каде на осум насоки може да се запишат 420 студенти, ФИКТ-Битола годинава ќе запише 370, а Факултетот за туризам и угостителство во Охрид огласи 324 слободни места за упис.
Во новата академска година, во прва година на Економскиот факултет во Прилеп ќе може да студираат 248 студенти, на Технолошко-техничкиот факултет во Велес, исто така членка на УКЛО, има можност за студирање на 75 студенти, а Факултетот за безбедност во Скопје може да запише 350 студенти.
Денеска, во понеделник и во вторник пријави за студирање во прва година ќе се примаат и на Правен факултет, каде може да се запишат 220 студенти во трите категории за студирање, на Факултетот за биотехнички науки има 150 места, Ветеринарен факултет објави 45 слободни места, Педагошки факултет објави 215, додека Високата медицинска школа во новата академска година може да запише 280 студенти бруцоши.
MИА