Брендон Тарант, напаѓачот на двете џамии во Крајстчрч, е осуден на доживотен затвор, без можност за условна казна за убиството на 51 муслимански верник минатата година во Нов Зеланд.
„Задачата на судот е решително да го потисне ова зло од омраза. Бевте суров и безмилосен, нехуман“, рекол судијата Мандер пред изрекувањето на казната, прва од ваков вид во судската практика во Нов Зеланд.
На 15 март лани, австралискиот бел расист Брентон Тарант ладнокрвно уби 51 верници во две џамии во тој град на Нов Зеланд на молитва во петокот, притоа снимајќи речиси се’, предизвикувајќи бран на осуда ширум светот.
Прогласен е за виновен за 51 убиство, 40 обиди за убиства и терористички напад, откако се изјасни за виновен во март. Главниот обвинител Марк Зарифех оцени дека ваков масакр „не се памети во историјата на злосторствата во Нов Зеланд“.