Може ли да се заразиме со Ковид 19 од овошје и зеленчук купени од продавници? – ММС
ММС

Објавено на: 08/27/20 7:53 AM

Може ли да се заразиме со Ковид 19 од овошје и зеленчук купени од продавници?

Светската здравствена организација објавила одговори на најчесто поставувани прашања во врска со корона вирусот и храната.

Можеме ли да се заразиме од корона вирусот јадејќи свежа храна, како овошје и зеленчук?

– Во моментов нема докази дека луѓето можат да бидат заразени со ковид по пат на храна, вклучувајќи и овошје и зеленчук. Свежото овошје и зеленчук се дел од здравата исхрана и треба да се поттикне нивната потрошувачка.

Како треба да се мие овошјето и зеленчукот за време на корона?

– Овошјето и зеленчукот треба да се мијат на ист начин како и во секоја ситуација. Прво е неопходно да ги миете рацете со сапун и вода, а потоа овошјето и зеленчукот темелно да ги измиете со чиста вода.

Може ли корона вирусот да се задржи на површината на пакувањето со храна?

– На вирусот му е потребен жив домаќин, животно или човек, за да се репродуцира и преживее и не може да преживее на пакувањето. Не е неопходно да се дезинфицира пакувањето, но рацете треба да се мијат соодветно по отворањето на прехранбени производи и пред јадење.

Дали вирусот може да се пренесе со консумирање на складирана храна, вклучително и животински производи?

– Во моментов нема докази дека луѓето можат да бидат заразени со ковид преку храна. Корона вирусот може да се уништи на температури слични на оние во кои се убиваат други вируси и бактерии во храната. Храната како што се месото, млечните производи и јајцата секогаш треба да се готват на температура од најмалку 70 степени.

Дали е безбедно да одите на шопинг?

– Да, безбедно е ако се следат одредени мерки:

– дезинфицирајте ги рацете пред да влезете во продавницата,

– покријте ја устата и носот со рака во пределот на лактот при кашлање и кивање,

– држете растојание од најмалку еден метар од другите луѓе, и ако тоа не е можно, неопходно е да носите маска на лицето,

– при пристигнувањето дома, измијте ги рацете соодветно, а потоа повторно измијте ги рацете откако ќе ги допрете производите што сте ги купиле во продавницата.

Дали консумацијата на бибер, лук и лута пиперка помага во спречување на заболување од корона вирусот?

– Не, но тие се здрави за јадење.

Преземено од:https://www.danas.rs/