(Видео) Се обидов да се убијам на нашиот меден месец- Бившата жена на Елтон Џон бара три милиони фунти оштета за прекршување договор – ММС
ММС

Објавено на: 08/26/20 9:57 PM

(Видео) Се обидов да се убијам на нашиот меден месец- Бившата жена на Елтон Џон бара три милиони фунти оштета за прекршување договор

Поранешната сопруга на Елтон Џон, Ренате Блауел, се обидела да се самоубие на нивниот меден месец во 1984 година, според документите доставени до Високиот суд во Лондон, пренесува Би-Би-Си.

Блауел вели дека се предозирала со валиум откако нејзиниот сопруг рекол „бракот не функционира и дека сака да си замние“ на третиот ден од нивниот престој во Сен Тропе.

Тврдењето беше како дел од нејзината тужба против пејачот поднесена претходно оваа година барајќи отштета од 3 милиони фунти бидејќи Елтон Џон, наводно, ги прекршил одредбите од нивната спогодба за развод, кога тој го спомнал нивниот брак во неговата автобиографија и филмот „Rocketman“ во 2019 година.

Таа вели дека тоа ги влошило нејзините долгогодишни проблеми со здравјето затоа што се нашла во центарот на медиумите и вниманието на јавноста и наводно потрошила илјадници фунти на терапија.

Нејзиниот адвокат ги наведе  обидот за самоубиство и серија напади на паника за време на нивниот брак, како доказ за долгогодишните ментални проблеми од кои страдал неговиот клиент.

Инженерка за звук по потекло од Германија, Блауел била во брак со Сер Елтон  четири години и се држи подалеку од очите на јавноста уште од 1988 година, кога бракот официјално заврши.