Де Геа во опасност, Дин Хендерсон продолжува со Јунајтед – ММС
ММС

Објавено на: 08/26/20 7:09 PM

Де Геа во опасност, Дин Хендерсон продолжува со Јунајтед

Иако за неговите услуги беа заинтересирани половина екипи од Премиер Лигата, одличниот млад англиски голман Дин Хендерсон, потпиша нов долгогодишен договор со Манчестер Јунајтед и останува на „Олд Трафорд“ да се бори со Давид Де Геа за позицијата број еден помеѓу стативите.

Хендерсон, кој изминатата сезона ги бранеше боите на Шефилд Јунајтед и со сигурност беше еден од најдобрите голмани во лигата, ќе остане во Манчестер Јунајтед во следните шест години. Платата која ќе ја добива на неделно ниво ќе биде 120.000 фунти неделно, а со тоа ќе стане и еден од најдобро платените голмани во светскиот фудбал.

-Голманскиот департман во Јунајтед е феноменален. Тука се три одлични голмани кои имаат многу направено во кариерата и одвај чекам да работам со оваа група. Ќе дадам се од себе да напредувам и да изиграм што е можно повеќе мечеви за овој голем клуб, изјави Хендерсон за официјалното интернет гласило на Јунајтед.

Како негова замена, Шефилд Јунајтед го доведе младиот голман од испаднатиот Борнмут, Арон Ремсдејл.