Националната установа Уметничка Галерија-Тетово соопшти дека откупени се шест дела од Невзат Бејтули-Кица, академски сликар и професор. Сликите ќе бидат дел од фондот на Галеријата, поставени во канцелариите и изложените места на оваа установа.
-Станува збор за шест сликарски дела со различна содржина и теми. Афирмирањето и ценењето на локалните уметници е должност и цел на нашата галерија која отсекогаш била и ќе биде подготвена да ги поддржува, помага и соработува со сите оние кои исто така придонесуваат за областа на визуелната уметност, потенцираат од Уменичката Галерија.
Националната установа Уметничка Галерија е основана во 2007 година, како место за организирање на разни настани, колективни или индивидуални изложби, презентација на проекти на домашни и меѓународни организации со цел збогатување на културниот живот во градот.